Кочо Анѓушев, сопственикот на компанијата за продажба на струја ЕДС и Манолис Панајотакис, извршниот директор на ППЦ потпишаа договор за купопродажба, со кој ЕДС станува целосно во сопственост на грчкото електростопанство.
„Покрај следењето за нашето законодавство и процедурите, во текот на преговорите за продажбата приоритет ни беа и условите за унапредување на стабилноста и плановите за понатамошен развој на компанијата. ЕДС досега постигна многу на локалниот и регионалниот пазар, како членка на меѓународната берза за набавка на струја ја има најдобрата балансна група, одлично развиена мрежа за снабдување со електрична енергија и големо искуство во набавката на струја на слободниот пазар. Со овој договор зад себе имаме гигант во производство на струја што ќе нè направи поконкурентни на пазарот. Тоа значи дека клиентите ќе имаат добри услови и пред се уште поголема сигурност“, изјави Кочо Анѓушев, сопственик на ЕДС.
Пред потпишувањето на договорот тој истакна дека ова за него е и среќен и тажен ден.
„За мене е ова и тажен и среќен ден.Среќен зашто компанијата оди во добри раце а тажен затоа што ја продавам а таа е мое дете” – вели Анѓушев.