Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, информира дека сите компании со чии претставници оддржал средби во Њујорк покажале интерес да инвестираат во земјава, а некои од нив, откри тој, се и блиску до носење на одлука за реализација на инвестицијата.
-Нивните имиња ќе ги објавиме кога тие самите ќе одлучат за тоа. Ме радува што тоа се компании од високо технолошкиот развиен свет, односно компании кои нема да вработуваат 3000 или 5000 лица, планирано е да вработуваат помал број на луѓе, од 300-500, но тоа ќе бидат работни места токму онакви какви што сакаме да има во нашата држава, за млади интелектуалци и за високо стручните кадри, за да ги задржиме младите во Република Северна Македонија. Станува збор за потенцијални инвестиции до стотина милиони евра – рече Анѓушев.
Според него, со извесното членство во НАТО, земјава станува се поатрактивна инвестициска дестинација за компании од САД.