Англиски навивачи ја урнаа оградата пред „Вембли“

by Fokus

Неколку десетици навивачи ја пробија оградата пред лондонскиот стадион „Вембли“ во обид без влезници да влезат на вечерашниот финален натпревар на Евро 2020 меѓу Англија и Италија.

Како што објави Скај Спорт, десетици навивачи ја пробија надворешната ограда и влегоа на стадионот, а чуварите се обидоа да ги фатат со цел да ги спречат да влезат на трибините без билет.

Во соопштението на организаторите на натпреварот се вели дека чуварите и полицијата успеале да ги задржат навивачите и дека властите се занимаваат со „инцидент што се случил на надворешниот дел на стадионот“.

-Безбедносните мерки беа брзо активирани во соодветните области и навивачите без билети не влегоа на стадионот, се наведува во соопштението.

Во текот на денот, илјадници англиски навивачи се собраа во центарот на Лондон за да ја бодрат репрезентацијата за вечерашното финале.

Последниот натпревар на Европското првенство помеѓу Англија и Италија започна во 21 часот.

 

Поврзани новости