Продолженија на „Вембли“, Англија поведе, Италија возврати

by Fokus

Неверојатен и отворен фудбал гледаме на „Вембли“ помеѓу селекциите на Англија и Италија.

По водството на Англија по само две минути игра, кога Лук Шо погоди, на Италија беше да се обиде да возврати и тоа им успеа во вториот дел.

Во 67 минута Италија успеа преку Бонучи да изедначи на 1:1, за голема радост помеѓу навивачите на Италија.

Новиот европски шампион нема да го добиеме по 90 минути фудбал на „Вембли“, бидејки резултатот е нерешен (1:1).

Имаше шанси и на двете страни за натпреварот да биде решен и во регуларните 90 минути, но сепак резултатот остана непроменет.

Сега следуваат две продолженија по 15 минути, па доколку и тогаш нема победник, новиот европски владетел ќе го добиеме по изведување на пенали.

 

Поврзани новости