600
Англиската кралица испрати честитка до претседателот Ѓорѓе Иванов по повод Денот на независноста на Македонија.
-Ми причинува огромно задоволство да ви испратам најтопли честитки за прославата на вашиот Ден на независноста, заедно со моите најдобри желби за среќа и напредок на народот на Македонија во следнава година“, се вели во честитката на Елизабета Втора.
Честитката од кралицата на својот фејсбук профил ја сподели британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет.