Англија до средината на февруари ќе биде во карантин, објави британскиот премиер Борис Џонсон во телевизиско обраќање.
Новите мерки предвидуваат работа од дома, освен за оние што работат во сектори во кои тоа е невозможно. Граѓаните ќе може да излегуваат од своите домови единствено да пазаруваат прехрамбени продукти или лекарства, поради медицински причини или за обезбедување нега на немоќни лица.
Училиштата ќе бидат затворени најмалку до средината на март, а ќе останат отворени само за децата на вработените во клучните сектори за справување со ковид кризата и за оние од ранливите семејства. Овие мерки ќе ги спроведува полицијата кои доби законски овластувања.
Велика Британија во последните неколку недели забележа алармантни бројки на заразени, се регистрираат по повеќе од 50.000 нови инфекции на ден. Вкупната борјка на починати се искачи на 75.431.