ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да ги казни функционерите кои слават родендени во министерство без маски

by fokus

Фрапантна е фотографијата на министрите и функционерите на власта кои без маска и соодветна заштита ги користат државните институции за славење на роденден, реагира опозицијата за фотографијата објавена на Фејсбук профилот на министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Фотографијата е направена во новото Министерство за политички систем во сала за состаноци, а на неа се сликани функционери на ДУИ кои наводно го славеле роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

-Секаде во светот министерствата се користат за работа, само во влада на чело со Заев за родендени. Наместо министерствата да им служат на граѓаните, во Македонија тие им служат на функционерите на власта за славење на родендени. Спасовски и Филипче наместо да се расфрлаат со приказни нека ги казнат министрите кои во министерството на Груби не носат маска. Кога граѓаните плаќаат казни за неносење казна тогаш тоа најмалку може да го направат и министрите и фунционерите на власта, велат од опозицијата.

Поврзани новости