Директорот на ОТА, Зоран Ангеловски, во интервју за МИА вели дека не е точна информацијата дека Оперативно-техничката агенција, која е со седиште во „Телеком“, плаќа 7.000 евра за кирија.
-Најпрвo, сакам да истакнам дека сумата што е јавно објавена не е точна. Имено, не станува збор за 7.000 евра на месечно ниво. Сепак, нема да ја наведам точната сума од причина што се работи за договор со клаузула за доверливост, во кој ОТА е само една од страните.
Понатаму, со оглед на местоположбата на локацијата на која се наоѓа ОТА, како и со оглед на просторните и техничките услови (систем-сали, континуирано напојување со електрична енергија), кои се обезбедени од страна на „Македонски телеком“, и тоа во најкраток временски рок, со цел ОТА навремено да почне да функционира во согласност со Законот за ОТА, ве уверувам дека сумата за кирија воопшто не е превисока, како што наведувате, туку, напротив, станува збор за сосема реална сума, вели директорот Ангеловски.