Зекири: ДУИ е виновна што не се избра директор на ДЗР

by fokus

Пратеникот Мухамед Зекири синоќа објави дека ДУИ во судир со СДСМ и другите партии не дозволила да се избере директор на Државниот завод за ревизија.

„ДУИ продолжува да работи против интересите на Албанците. Доказ за тоа беше денешното дејствувањето на нивниот заменик Ејуп Алими во комисијата кој без гласање го напушти состанокот, спречувајќи професионален Албанец како Адам Цури да биде избран за директор на Државниот завод за ревизија“, објави потпретседателот на СДСМ.

Државниот завод за ревизија веќе две години е без директор. Неговиот избор е неопходен и поради оддржување на најавените предвремени избори.

Поврзани новости