438
Треба да се поздрават чекорите кои ги прави Владата за справување со корона вирусот, посочи денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска на новинарско прашање.
„Критиката од вас е секогаш добредојдена. Сега може да биде критиката дека „менуваме“ , а ако не сменевме да биде „зошто не променивте“. Сметам дека секогаш ќе има простор за критика. Но сега, не останува ништо друго освен да се поздрави ова што се прави значаен исчекор и дека дополнително ќе се помогне на сите работодавачи“, истакна Ангеловска.