Ангеловска денеска застанува на чело на Министерството за финансии

by fokus

Новата министерка за финансии Нина Ангеловска денеска го презема управувањето со Министерството за финансии.

Министерката оствари средба со заменик министерката за финансии Ширет Елези и државниот секретар Јулијана Петановска, на која се дискутирани тековните активности на Министерството за финансии.

Ангеловска на позицијата министер за финансии доаѓа од приватниот сектор. Таа е основач на „Групер“ – компанија за е-трговија. Ангеловска докторирала менаџмент на Економскиот факултет во Скопје. Има бројни домашни и странски признанија. Германскиот магазин „The Hundert“ ја вбројува во листата на 100 успешни жени основачи  на старт-апи, а магазинот „Forbes“ ја наградува со признанието „30 под 30“ за Европа во категоријата малопродажба и Е-трговија. Во 2017 година Ангеловска иницира основање на првата Асоцијација за е-трговија и станува нејзин претседател. Од 2018 година Ангеловска е член на УО на Европската асоцијација за Е-трговија ЕМОТА. Во 2019 таа станува и член на УО на Стопанската комора на Македонија.

Поврзани новости