Заврши распитот на Лила, на новинарите им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“

by fokus

Водителката Лила Филиповска денеска повеќе од еден час беше на распит во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со истрагата за случајот „Рекет“.

Таа на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“.

Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Поврзани новости