Ангеловска: Барајте и скенирајте фискални!

by Fokus

Мој ДДВ веќе брои над 315.000 корисници. Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги – не само затоа што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите!, порача во објава на Фејсбук, министерката за финансии во заминување, Нина Ангеловска.

МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници 🙌🏻 Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги – не само затоа што остварувате…

Publiée par Nina Angelovska sur Samedi 8 août 2020

Таа упатува на дел од пораките во МојДДВ #МојаНаграда:Со неиздавање на сметка вашите 5 или 18% продавачот ги зема за себе, наместо да бидат употребени за доброто на сите! И трговецот кој не го уплаќа вашиот ДДВ во буџетот го користи здравствениот и образовниот систем. Со неиздавање на сметка продавачот прави нелојална конкуренција на чесните продавачи кои си го плаќаат данокот!

-Со последните измени како одговор на ковид предизвиците беа направени промени во МојДДВ и #МојаНаграда Секој ден по случаен избор се доделуваат 20 награди x 1000 ден. и секој месец 15 награди x 20.000 ден. Повратот на ДДВ за македонски производи сега изнесува 20% и 10% за останатите.
Причина плус да ги одбереме домашните производи кога купуваме и со тоа да им помогнеме на домашните компании и македонската економија и причина плус да ги бараме секогаш и секаде нашите сметки и да го јакнеме даночниот морал. Сите можеме да придонесеме! Сега повеќе од било кога мораме да ја зајкнеме борбата со сивата економија која е штетна за нашата економија, за нашето општество, наведува Ангеловска.

Поврзани новости