На денешниот протест пред Јавното обвинителство, Стојанче Ангелов јавно праша, зошто никој од полицајците немал храброст да го уапси премиерот Никола Груевски.
-Овие полицајци што се тука не гледаат непријателски на нас, но сепак ќе прашам, зошто секој од нив пишал многу казни за ситни прекршоци, а никој не се нафаќа да го уапси Никола Груевски поради криминалот тежок милијарди евра, порача претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов. Зошто е Груевски уште на слобода и зошто е Зврлевски уште јавен обвинител? – праша Ангелов.
Ангелов рече дека бил вџашен од вчерашните снимки за договарањето да „се маваат шамари“ на градоначалникот Андреј Жерновски.
Ангелов повика на протести и блокади на македонското обвинителство секој ден во 12 часот, поради тоа што се уште молчи и не кажува дали и забранува на МРТ и со која одлука, да ги емитува снимките од опозицијата.