446
Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, го повика првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, доколку поседува материјали за местенките меѓу него и Љубе Бошкоски од парламентарните избори во 2011 година, веднаш да ги објави.
– Денес повторно сакаат да го извалкаат мојот углед, како што се обидоа со лажни писма во 2011 година. Се работи за писма во кои наводно сме се допишувале со Бошкоски, за што поднесов кривична пријава и ги тужев медиумите, кои, и покрај демантот, ги објавија овие писма како вистинити – рече Ангелов.