Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на денешната прес конференција даде свој осврт на едногодишната работа на оваа позиција и направи анализа на работата на Центарот за управување со кризи.
Според него, Македонија успешно се справила со пожарите кои беснееја низ земјава во текот на летото, а најкритично беше во источниот дел.
„Успешно ги изменаџиравме пожарите кои беснееја во Македонија. Ние како ЦУК немаме наши ресурси, туку координираме со останатите. Од тоа, се виде дека опремата е застарена и недоволна. Треба да се продолжи да се работи на решавање на овој проблем. Немаме ниту еден загинат во пожарите. Беше тешко да се соочиме со ваква криза. Пожарникарите од Австрија и Словенија, на кои македонските граѓани се воодушевуваа, не дојдоа случајно овде, ние ги донесовме“, истакна Ангелов.