413
Панче Ангелов, осуден за насилство врз сегашната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска од Апелациониот суд побара намалување на казната. Наместо четири години затвор, колку што му одреди првостепениот суд, Ангелов бара условна казна.
Тој смета дека судот неправедно го осудил на превисока казна.
-Не употребив сила ни спрема Заев, ниту спрема Шекеринска. Само ја фатив за коса и ја тргнав, не ја повредив – изјави денеска тој пред судот.
По одржаната јавна седница Апелацискиот суд треба за околу еден месец да донесе одлука колкава ќе биде казната за обвинетиот.