Стојанче Ангелов денеска поднесе кривична пријава за селективно и пристрасно пласирање информации преку јавниот сервис против главниот уредник на Македонската радиотелевизија, Диме Ратајковски.
После серијата ораганизирани протести пред МРТ, Ангелов се решил на ваков чекор, бидејќи смета дека има основа за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, како и повреда на рамноправноста на граѓаните.
-Сакам да му порачам на Диме Ратајковски дека за ова дело е предвидена казна затвор и порано или подоцна ќе ја добие заслужената казна, рече Ангелов.
Тој посочи дека Диме Ратајковски, како главен уредник, овозможил да се емитуваат сниките од Љубе Бошковски, кои се направени со ПИМ мерки, а не им овозможил на граѓаните да ги слушнат снимките кои ги објавува опозицијата. Според него, на овој начин јавниот сервис е пристрасен и работи во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.