Фуере: Груевски мора да си замине

by Фокус

Единствен излез од актуелната криза е сегашната влада да си замине и да отвори простор за процес на транзиција кон нова власт, пишува Ерван Фуере во својата најнова колумна за „Балкан Инсајт“.

-Скандалот со прислушкувањата ги открива наводните корумпираност и закани од страна на премиерот Никола Груевски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Разоткриените шокантни детали за тоа како се прекршени законите и демократските стандарди, или пак такви прекршувања биле игнорирани од владини министри и високи функционери, зборува за недосегливоста на режимот, без одговорност каква што човек би очекувал во нормално демократско општество, пишува поранешниот  специјален претставник на ЕУ во Скопје, кој сега е постар научен соработник на Центарот за проучување на европски политики во Брисел.

Фуере е скептичен дека посредништво од ЕУ или од ЕК би имало шанси за успех, барем судејќи според досегашните искуства. Последеното посредништво од Европскиот парламент беше за расчистување на исфрлувањето на опозицијата и новинарите од Собранието на 24 декември 2013 година.

-Тоа не беше крунисано со успех, бидејќи владејачката партија се откажа од дел од компромисниот договор кој беше постигнат после неколку месеци, небаре е тоалетна хартија, пишува Фуере.

Тој смета дека во промовирањето на отворена дебата и дијалот во земјата критична улога ќе мора да имаат граѓанските организациии, академската заедница и медиумите. Според Фуере, дебатата и дијалогот ќе мора да биде ослободени од закани и застрашувања, нешто што ја одликува сегашната политичка ситуација.

Поврзани новости