Ангелов: Не паѓајте на провокаторите кои сакаат да ни го уништат овој протест со 10.000 луѓе

by Фокус

Демонстрантите стигнаа до полициските блокади пред Собранието, откако само поминаа пред канцеларијата на Иванов. Сепак, пристапот до Собрание е затворен со полициски кордони, водени топови и хермелини. Пред полицискиот кордон, се обрати Стојанче Ангелов.

-Не мавајте кон полицајците и не подлегнувајте на провокатори кои сакаат да ни го уништат овој голем граѓански протест од 10.000 луѓе, рече Ангелов.

Тој додаде дека полицајците ќе се свртат на страна на граѓаните кога на протест ќе дојдат 100.000 луѓе, а не сега.

sob

Поврзани новости