Мои независни извори пред две недели ми кажаа дека вооружени лица добиле 2 милиони евра во Кумановско-липковскиот регион за да го одвлечат вниманието од моменталната политичка ситуација во државава, рече Стојанче Ангелов на денешниот протест пред Јавното обвинителство.
Генерал Ангелов додаде дека ова што се случува е или по наредба на Али Ахмети, во што тој не верува, или е некоја небитна група која се претставува како УЧК, но дека Ахмети ќе расчисти со нив зашто го валкаат нивниот бренд.
– Нападот е врз карулата и од четири гранични полицајци е одземено оружјето. Денеска очекуваа дека СДСМ ќе излезе со една од потешките бомби, па побрзаа да го покријат тој настан. Одговорно тврдам дека единствен командант на УЧК е Али Ахмети кој е во љубов со Никола Груевски, и нема шанса никаква акција да изврши УЧК без да знае Ахмети, рече Ангелов.