Лидерот на „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција, Стојанче Ангелов го осуди говорот на претседателот Ѓорге Иванов, кој вчера рече дека размислувал да ја употреби армијата како солуција да не ескалира состојбата во Македонија.
Ангелов потсетува дека пред 15 години кога се пукаше во Танушевци се размислувало дали да се употреби армијата бидејќи случувањата се воделе како внатрешен конфликт, но сега вели наместо државата да се сети на тогашните случувања и на бранителите кои на денешен ден ги изгубија животите во скопско Арачиново, претседателот Иванов размислувал дали да ја употреби армијата против својот народ.
-Го слушнав вчерашниот говор на Иванов, го преслушав неколку пати и вџашен сум од она што го слушнав. Претседателот Иванов се мислел дали да ја потреби армијата која во 2001 крвареше бранејќи ја државата. ..Тој 15 години подоцна размислувал да ја употреби против неговите граѓани, против граѓаните на кои тој е претседател.. “ – вели Ангелов.
Тој додаде дека неговата партија ќе покренела иницијатива за во иднина претседателите на Македонија да не можат „да ги заплашуваат граѓаните кои не се согласуваат со политиките на власта.”