Ангелов: Груевски тужеше и дете кое се роди неколку месеци по смртта на неговиот татко бранител

by fokus

„Ги тужеше ранетите македонски бранители да ги вратат крвавите пари земени како отштета затоа што изгубиле дел од своето тело, изгубиле дел од своето здравје, пролеале дел од својата крв бранејки ја татковината. Ги тужеше и семејствата на загинатите бранители во масакрот кај Вејце. Ги тужеше родителите, татковци и мајки, на запалените бранители, ги тужеше сопругите и децата на загинатите бранители, тужеше и дете кое се роди неколку месеци после смртта на неговиот татко“, вели Стојанче Ангелов, опишувајќи го, како што вели, лажниот патриотизам на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Ангелов додава дека лично тој, заедно со раководството и членовите на “Достоинство“, заедно со десетина воени инвалиди, заедно со семејствата на загинатите бранители кај Вејце, го молеле Груевски да ги повлече овие нечовечки тужби.

„Но, тој не сакаше ниту да слушне иако само со еден телефонски повик можеше да стави крај на нивната агонија. Ги повлече дури неколку години подоцна кога притисокот на јавноста стана неиздржлив и трпеше огромна пропагандна штета. Колку злоба треба да има во еден човек за на ваков начин да посегне по оние кои загинале или биле ранети бранејки ја својата држава?, прашува Ангелов.

Поврзани новости