Ангелов: Да бев пратеник немаше да гласам за Законот за јазици, ама вие не гласавте за мене

by fokus

Стојанче Ангелов вечерва го коментираше донесувањето на Законот за употреба на јазици и порача да не се претерува со црни сценарија.

-ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИ Да бев пратеник немаше да гласам. Но не станав пратеник затоа што вие не гласавте за мене. Сепак! Да не се претерува со црни сценарија. Македонија преживеала 500 години турско. Ќе го преживее и ова. Патем, Турците станаа наши најголеми и најискрени пријатели. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА. ЗА СИТЕ НАС КОИ ОСТАНАВМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ ВО НЕА, напиша Ангелов.

Поврзани новости