Поранешниот бугарски европратеник – Ангел Џамбаски со нов провокативен апел преку социјалните мрежи, бара посмртните останки на македонскиот великан Гоце Делчев да бидат вратени во Бугарија.
Познат по своите антимакедонски ставови, националистот Џамбаски ја користи актуелната тема со враќањето на коските на Цар Самоил за да упати барање насочено кон македонската историја.
Тој на Фејсбук порача дека посмртните останки на револуционерот Гоце Делчев, кои денес почиваат во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, треба да бидат пренесени во бугарската престолнина.
„По цар Самоил, сега е ред на Гоце Делчев да се врати во Софија – во Македонскиот дом, каде што почиваше сè до 8 октомври 1946 година, кога урната со неговите посмртни останки им беше предадена на Југославија од страна на национални предавници“, напиша Џамбаски.