423
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, денес поднесе оставка од функцијата.
Тој истакна дека од оваа функција се повлекува поради лични и семејни причини.
– Нема да бидам претседател на Советот, но во него ќе останам како член – истакна Анеквски.
Аневски имаше уште една година мандат за оваа функција. Неговата оставка ќе се разгледува во четврток на седница на Советот.