2K
Анестезиологот Маја Мојсова е нов раководител на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), неофицијално дознава Фокус.
Таа доаѓа на местото на доктор Алберт Леши, кој на оваа функција беше назначен со изборот на новите директори пред неколку месеци.
Доктор Мојсова и стана позната на јавноста како една од лекарките, кои повеќе од 50 дена штрајкуваа против проектот плаќање по успешност, што во 2012 година го воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ под раководната палка на Никола Груевски, а го спроведе тогашниот министер за здравство Никола Тодоров.
И.М.