Кекеновски: Доколку има договор за оставката на Груевски, од тоа ќе изгуби и Заев

by fokus

Јове Кекеновски вели дека ќе бил изненаден од оставката на Никола Груевски од лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ, доколку тоа се случело пред три години.

-Ќе бев изненаден ако таа одлука беше пред 3 години. Вака не треба да се радуваме. Бевме сведоци дека се што кажа Груевски излажа. Но, и да остане на својот збор сега, повеќе од јасно е колкава е неговата сила и силата на партијата. Би било коректно на челновите на ИК и ЦК да им објасни кој е сценаристот на 27 април, кој е нарачател и кој е финасиер. Само на тој начин може барем малку да се искупи на членството. Груевски апсолутно не е принципиелен човек, тоа го видовме многупати. Можеби се должи на некогаков договор, меѓутоа ако има договор, тогаш ќе изгубат сите што учествувале во договорот, и оние на власт.

Кекеновски додава дека ниту еден кој досега бил во раководството на партијата не смее да биде нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сите тие биле соучесници.

Поврзани новости