Андреј Петров: Треба да има масовно тестирање

by Fokus

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Андреј Петров во вчерашното гостување во „Што не е јасно“ на Алфа ТВ говореше за ситуацијата со корона вирусот во нашата земја.

Како што истакна тој, во демократско општество избори мора да се случат, но во време кога ќе биде најмалку ризично за здравјето на граѓаните.

-Масовно тестирање се разбира треба да има. За изборите ќе се договорат политичарите, но тие не треба да бидат на штета на здравјето на граѓаните, туку треба да се слушаат препораките на епидемиолошките тимови. На прво место треба да биде здравјето на граѓаните, како што граѓаните пред се се загрижени за своето здравје, вели Петров.

Поврзани новости