Македонската евровизиска претставничка Андреа ја започна предевровизиската турнеја и имаше настап во Лондон, во Хард Рок хотел.
На истата сцена настапиле уште триесеттина музичари од Европа, а свој настап имале и Eye Cue, кои ја претставуваа земјата на Евровизија во 2018 година.
-Во публика, а и зад сцената, нашата Андреа доби поддршка и од актуелната македонска амбасадорка во Лондон, г-ѓа Александра Миовска, како и од македонските претставници на Евровизија од 2018-та година Eye Cue кои исто така настапија на забавата.
Покрај настапот, Андреа оствари сесија интервјуа во прес- центарот на настанот, како дел од агендата- информираат од МРТ.
По настапот во Лондон, Андреа заминува во Тел Авив и ќе ја претстави евровизиската песна ,,Circles” во Менора Мивтахим Арена на 7-ми април.
На официјалната страница на Eurovision world, каде може да се следи котирањето во обложувалниците на земјите учеснички на Евровизија, Андреа веќе подолг период е на последното, односно 40-то место, а украинските претставници Калуш Оркестар се на првото.
Вики Клинчарова