412
Четворицата осомничени за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, кои вечерва беа донесени од затворот „Шутка“ во Кривичниот суд, беа со избричени глави и облечени во исти комбинезони.
Директорот на затворот, Филип Андов во изјава за “Фокус” вели дека причината за тоа е дека не се толерираат фризури за вакви кривични дела.
„Не дозволувам фризури за вакви кривични дела. Редот во затворот е носење комбинизони без обележја“ рече Андов.
Тие беа донесени во Кривичен суд на барање на обвинителството да им се продолжи притворот, кој што првично на сите им беше 48-часа.
И.М.