472
Стојан Андов во вечерашното гостување на „Само вистина“ на Канал 5 рече дека идејата да се спроведе референдум за евентуално решение за спорот за името со Грција е идеја на поранешниот премиер Никола Груевски.
-Изворно тоа е идеја на Груевски. Јас еднаш кажав што мислам за тоа. Господинот Нимиц многу добро си ја врши работата и треба што поскоро да го затвориме ова прашање, рече Андов.