Андоновска: Наместо поголеми плати на лекарите, на Детска хирургија овој месец добиле 10.000 помалку

by Fokus

СДСМ ветуваше 15% покачување на платите на здравствените работници во првите 6 месеци од мандатот. СДСМ излажа, истакна Марија Андоновска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Помина една година, а 15% покачување на платите на здравствените работници и лекарите НЕМА. СДСМ ги изманипулира лекарите и предизборно ги искористи. Не само што нема покачување, туку и платите во здравството се намалуваат. Медицинскиот персонал во Клиниката за детска хирургија за месец февруари оваа година доби 4.000 денари пониска плата, додека лекарите од истата клиника добиле 10.000 денари помалку – тврди Андоновска.

Поврзани новости