Ситуацијата со корона вирусот му излегува од контрола на министерот за здравство, Венко Филипче. Наместо смирување на населението и превенција, Филипче со своите изјави создава само несигурност и паника меѓу граѓаните, рече на прес конференција Марија Андоновска, советни во општина Ѓорче Петров.
-Остануваат многу дилеми меѓу населението, а Филипче не прави ништо по тоа прашање. Министре, нејасно е зошто се обидувате да релативизирате, наместо уште при првата појава на вирусот во Кина, да се подготвите сериозно и да се организирате, како што тоа го прават сите останати држави?, порача таа.
Таа го обвини дека Филипче вели дека има основи материјали, како маски, средства за дезинфекција, но сите луѓе се жалат, а вие основни работи како средства за дезинфекција на раце и соодветни маски кои треба да ги има вообичаено во и пред секоја здравствена установа и кои тој е лично должен да ги обезбеди, ги нема ниту сега.
-Зошто не се грижите да се набават овие основни средства да ги имаат сите од примарното здравство, матичните лекари па се до терциерното здравство, и болниците?Зошто сите лица кои работат на граничните премини немаат опрема за заштита? Како ќе се спроведува дезинфекцијата на јавните места како здравствени установи, јавен градски превоз и слично? Имате ли министре, евиденција колку лица влегле во државава од најзафатените подрачја со корона вирус преку граничните премини и аеродромите и зошто немате контрола на истите? Има уште многу прашања, но да почнеме од она што требаше да се знае и да биде уште одамна организирано. Да имаше контрола на границите сега ќе немаше толку страв и паника кај граѓаните, а надлежните ќе имаа помалку работа. Превенцијата е и поевтина, од лечењето!Одговори и одговорност треба да има зошто немало контрола на границата, и за тоа одговорен е токму министерот Филипче! Филипче потфрли со организација! На сета неорганизираност ќе се стави крај на 12-ти април, заврши таа.