Одложен фестивалот „Мозаик“

by fokus

Иако вечерва требаше да се одржи Мозаик фестивалот во „А1 Арената“ , сепак до такво нешто нема да дојде.

Организаторите на музичкиот настан одлучија да го одложат фестивалот, поради ситуацијата со корона вирусот и препораките на забрана за јавни собири од Министерството за здравство и Владата.

🗣Организаторот на МОЗАИК фестивал заедно со артистите на настанот одлучи да го одложи вечерашниот концерт во А1 Арена…

Publiée par Mosaic Festival sur Vendredi 28 février 2020

Како што информираа организаторите, фетивалот ќе се одржи на друг термин, а тие што нема да може да присуствуваат, средствата ќе им бидат рефундирани.

Вечерва требаше да настапат Владо Јаневски, Ферус Мустафов, Слаткаристика, Нокаут, Елита 5 и Ѕ4ММ.

Поврзани новости