477
Оливер Андонов во вечерашното гостување на Канал 5 ја обвини Владата дека работела во корист на Грција.
-Очигледно е дека целата наша Влада работи во корист на Грција. Никој досега не прифати ерга омнес. Тоа беше константа. Проблемот до оваа Влада беше нашето национално единство, помеѓу сите влади да не се прифаќа ерга омнес. И да ги земеме за точни снимените разговори меѓу Груевски и Милошоски за името, сигурно не биле вакви до ова ниво до кое дојде оваа Влада, не можете да направите споредба, рече Андонов.