Дополнителниот министер Оливер Андонов, коментирајќи ја синоќешната престрелка што се случи во Скопје, рече дека лицето врз кое било избршено обид за убиство и било познато на полицијата по неговите криминални, но и политички активности, пренесе Актуелно.мк.
Андонов тука уште еднаш го обвини Социјалдемократскиот сојуз за поврзаност со „криминално подземје”, особено посочувајќи го министерот Оливер Спасовски.
-За жал, се докажа она што барем јас во изминатиот период упорно го говорев, дека со противзаконските поставувања во МВР и врските на СДСМ и на министерот Оливер Спасовски со криминални групи и поединци, само ја зголемуваме тензичноста, а тоа не помага во безбедноста на државата и граѓаните. Првичните сознаинија на полицијата посочуваат дека се работи за некоја пресметка, дали е криминална или политичко-криминална, допрва ќе се истражува. Завршен е увидот, подигнато е моторното возило на повредениот, се собираат докази, а полицијата се уште работи на откривање на извршителите, рече Андонов.
Инаку, во престрелка на крстосницата меѓу Партизанска и Париска улица, вчера беше ранет еден човек. Неофицијално, повредениот е Даниел Трајковски – Близнакот од скопската населба Ѓорче Петров. По пукотниците тој беше пренесен во КАРИЛ, каде му е извршена операција, но поради сериозноста на повредите животот се уште му е во опасност.