Анџелина Џоли го тужи Бред Пит за 250 милиони долари

by Fokus

Анџелина Џоли, односно нејзината компанија, поднесе тужба вредна 250 милиони долари, против Бред Пит.

Овој пат станува збор за наводниот обид на познатиот актер да ја преземе контролата врз француските лозја кои се протегаат на 1.300 хектари.

Двајцата заедно купиле винарија за време на бракот, но Бред наводно се обидел да ја присвои по разводот.

Според тужбата, Бред поминал милиони ноќи на компанијата на “Vanity Projects“, од кои едната вклучувала изградба на базен вреден милион долари.

Извор близок до актерот за американските медиуми тврди дека тој допрва ќе се занимава со оваа тужба, како и дека ќе одговори со противтужба.

-За жал, ова е уште едно повторување и препакување на стар материјал со цел да се обиде да го одвлече вниманието од однесувањето на другата страна, изјави извор близок до актерот.

Минатата година тимот на адвокати на Бред Пит достави документи во кои се наведува дека винаријата растела за време на неговото управување, како и дека Анџелина го продала својот дел, но не му дала можност прво да го купи.

 

-Преку оваа продажба, Џоли се обиде да му наштети на Пит, се вели во документите поднесени до судот до кои дојде новинската агенција PA.

Бред и Анџелина имаат шест деца од бракот, чие старателство се уште е спорно, а Анџелина поднела и тужба против Бред за злоупотреба.

Поврзани новости