Николовски најави реформи во субвенционирањето во пчеларството

by Fokus

Нов начин на субвенционирање кај пчеларите најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Според него, тоа е потребно за професионалните пчелари да добијат поголема поддршка, како и да се откријат манипулациите поради кои има нелојална конкуренција меѓу пчеларите.

-Државата дава сериозна поддршка на пчеларите. Мора да бидеме одговорни со парите на граѓаните, пчеларите да добијат субевцнии. И затоа сега зборуваме за праведен и реален модел на субвенции. Тоа значи дека вистинските пчелари ќе добијат поголема поддршка и повеќе средства, но мора да ги октриеме манипулациите и злоупотреби што се прават во системот. Здруженијата даваат најдобри предлози и идеи, како да го реформираме и реорганизираме моделот на субвенционирање во пчеларството затоа што се повеќе пари даваме, а се помалку мед гледаме. Така што, мора да ги постигнеме ефектите со средствата што државата ги обезбедува, изјави министерот Николовски од Тетово каде беше на натпревар за квалитет на мед.

На новинарските прашања кога ќе бидат исплатени субвенции за одгледувачите на овци, Николовски најави дека тие се следни кои ќе ги добијат државните пари.

-По субвенции за говеда и кози, следна исплата која од платежна агенција се дадени налози во Министерството за финансии се за исплата на субвенции за овци. Согласно ребалансот на буџетот, кој комплетно е земјоделски над 3,7 милијарди денари плус, за да се расчистат сите исплати со платежна агенција, договорена е динамика и календар, следни се одгледувачи на овци, рече Николовски.

Министерот одговори и на прашање за обесштетување на овоштарите во Преспанскиот Регион чии поседи настрадаа од невреме и најави дека ќе се случи наредните денови.

-На последната владина седница се усвои одлуката на државната комисија за проценки од штети, каде околу 115 милиони денари се наменети за Препанскиот Регион за штети од невремето од претходни години. Министерството за финансии постапуваат и во следните денови овие штети ќе бидат исплатени, а нашата дополнителна поддршка во делот на овоштарството секако дека ќе има прилики од понеделник да ги образложуваме. Тие први ќе добијат 30 отсто аванска исплата на субвенциите во оваа 2022 година. Тоа не се случило досега. Досега оваа година ги исплаќаме субвенциите за претходна или заостанатите години, изјави Николовски.

Според министерот, оваа ќе биде прва година во која нема да се должи ниту еден денар на ниту еден сточар за ниту едно кило млеко.

-Заради тоа што се случуваше да должиме девет фази, тоа се четири години неисплатени средства за откупени и непродадено млеко. Годинава ќе ја завршиме со комплетно исплатени субвенции. Имаме нов концепт чија цел е да се произведе повеќе храна и како да се мотивираат земјоделците. Оваа криза ќе трае и се претпоставува дека по две години ќе се види криза за храна во светот и Европа и затоа сметам дека навремено имаме мерки и политики, истакна Николовски.

Во рамки на тие политики, додаде Николовски, успешно е со сончогледот, при штоо оваа година ќе има двојно поголемо производство на оваа култура.

Поврзани новости