Првиот човек на Агенцијата за Национална Безбедност, Виктор Димовски, безбедносната состојба во земјава ја оцени за стабилна, иако, како што истакна, постојат безбедносни ризици од природа на трите аспекти од делокругот на работење на Агенцијата, како што се спротивставувањето на разузнавачки активности, борба против тероризмот и насилниот екстремизам.
– Успешно е реализирана акцијата во септември и декември минатата година, кога е уапсена 3+ 8- члена група односно 11 члена група на подрачјето на Куманово и Скопје и кај која е пронајдено поголемо количество оружје како и појаси со експлозив, што е раритет и прв случај на таков вид убојно средство во Европа. Следна акција би ја издвоил акцијата во селото Србица, Кичевско со која е пронајдено експлозивни материјали и импровизиран полигон за вежбање. И кај двете акции инволвираните се уапсени и се кривично правно процесуирани.Трета успешна акција што би ја споменал е акцијата со четирите групи кои издаваат лажни Пи Си Ар тестови“, брифира Димовски.