Салати, пити, разни видови месо и тестенини, со посебна слатка трпеза на која ќе се служат колачи, се само дел од спектаклот што Анастасија Ражнатовиќ го приреди за својата роденденска прослава. Според „Курир“, 24-годишната пејачка за храна издвоила две илјади евра, а целиот роденден ќе ја чини дури десет.
Анастасија решила сама да ја финансира целата забава, а не сакала да земе ни динар од мајка си. Пијалоците ја чинеле повеќе од храната, бидејќи освен цедени сокови и коктели, на гостите им понудила скапи вина и шампањ.
За споредба, тортата чинела симболични триста евра, но многу пари биле вложени во изнајмување на локалот, украсување и музика. За да остане сè во најлуксузното издание, дури и гостите добиле подароци на овој роденден – Анастасија лично се ангажирала во секој сегмент од организацијата.
Главни гости беа нејзиниот дечко Немања Гудељ и неговото семејство, кои допатувале од Шпанија.
Цеца, горда веднаш помислила во доцните часови на специфичен начин да ѝ го честита роденденот на својата ќерка, а сето тоа со поддршка од целото семејство Гудељ, на чело со Немања, кое дојде во Србија за овој ден.
Фолк дивата, Цеца, објави видео од семејната вила, каде на себе и на својата ќерка си го честитала најсреќниот ден со шампањ и кутија полна со црвени рози со зборовите „Те сакам“.