Убиецот од Тексас го најавил крвавиот поход на социјалните мрежи

by fokus

Напаѓачот кој уби 19 деца и двајца учители во основно училиште во Тексас, на социјалните мрежи најавил дека тоа ќе го направи, половина час пред нападот, изјави гувернерот на таа американска сојузна држава Грег Абот.

Абот изјави дека напаѓачот, 18-годишниот Салвадор Рамос, кога полицијата го убила, употребил полуавтоматска пушка во нападот на основното училиште „Роб“ во Јувалде, во кој беа повредени 17 лица.

Околу 30 минути пред нападот, Рамос објавил три пораки на социјалните мрежи, во кои пишува дека ќе пука во баба му, дека застрелал една жена и дека ќе го нападне основното училиште, изјави Абот. Полицијата се уште не го соопштува мотивот за нападот. Абот информира дека Рамос немал никакво полициско досие или евидентирано ментално заболување.

Сите убиени ученици биле во иста училница и биле во четврто одделение.

Рамос, кој купил две полуавтоматски пушки неколку дена пред нападот, ја заклучил вратата од училницата и почнал да пука во децата и наставниците кои биле во неа, соопшти полицијата. Полицијата набрзо упаднала во училницата и го убила напаѓачот, додека други ги искршиле прозорците за да можат учениците и професорите да избегаат.

Вчерашниот напад во Јувалде, место со 16.000 жители, е најкрвавиот вооружен напад врз училиште во САД од декември 2012 година. Тогаш вооружен напаѓач уби 20 деца и шест возрасни во основно училиште во Њутаун, Конектикат.

Поврзани новости