Анализата на ВМРО не покажала лична одговорност за изборниот неуспех, главна причина биле притисоците од СДСМ

by fokus

Притисоците од владата на чело со СДСМ и премиерот Зоран Заев се главната причина за негативниот изборен резултат на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори.

Ова, како што дознава Фокус, го покажала внатрепартиската анализа на опозициската партија што веднаш после првиот изборен круг ја најави Никола Груевски, а синоќа ја усвои партискиот Централен комитет.

Покрај притисоците од СДСМ, според високи партиски извори, анализата покажала дека врз изборниот исход влијаеле потезите со кои партијата загубила традиционални гласачи, како и поддршка од меѓународната заедница.

-Во анализата се наведени потезите кои придонеле за ваквиот резултат, но не определува лична и индивидуална одговорност за оние што ги влечеа овие потези-вели висок партиски функционер.

В.С.

Поврзани новости