АМСМ: Возачите да не го користат автопатот Миладиновци-Штип

by fokus

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози, информира АМСМ.

„Виадукт Трејд” известува дека од 02.05. до 04.05. ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А1, патен правец Гевгелија – Богородица (граничен премин Богородица), за што ќе има промена на режимот на сообраќај.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ информира дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци сè уште не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с.Мрежичко воведена е забрана за товарни возила.

Поврзани новости