АМС нема да има претставник на утрешното собрание на ФФМ

by fokus

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски најави дека нивен претставник нема да присуствува на утрешното генерално собрание на ФФМ. На прес конференција одржата денеска Каевски изјави дека без усогласување на статутот на ФФМ со уставот и законот за спорт, ќе го смета за нелегитимно собранието на ФФМ утре во Охрид, на кое треба да биде избран Муамед Сејдини за нов претседател.

Тој најави преземање на соодветни мерки доколку не се исполнат барањата од државната агенција, но не прецизираше кои се тие мерки.

-Не сакаме да прејудицираме, туку ќе почекаме да видиме што ќе се случи на собранието на ФФМ, а доколку не го направат тоа што треба, тогаш АМС ќе ги преземе сите мерки, па постои можност и да им го одземеме решението за дејност спорт – кажа Каевски.

Поврзани новости