Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одржа средба со битолчани, но не им го соопшти кандидатот за градоначалник на градот на конзулите.
-Очекувам една голема победа на ВМРО – ДПМНЕ на локалните избори затоа што ќе понудиме нова структура на кандидати за градоначалници, од нив дури 95 отсто се нови луѓе кои по прв пат ќе ја бараат поддршката на граѓаните. За мене Битола претставува посебен предизвик и очекувам после локалните избори Битола повторно да го добие оној сјај кој што го заслужува. Се уште немаме одлучено кој ќе биде кандидат затоа што сеуште се одвиваат анкетите и мерењата, и сеуште се собираат проекти со кои што ќе излеземе пред битолчани, но во втората половина на месец август ќе зборуваме за конкретни имиња како и за проектите кои ќе ги промовираме пред битолчани. По локалните избори очекувам нов ветер на политичката сцена и ново парламентарно мнозинство, истакна Мицкоски вечерва во Битола.