Американскиот универзитет на Европа – ФОН со свечен настан одбележа 20 години од основањето

by fokus

Американскиот универзитет на Европа – ФОН вчеравечер одбележа 20 години од своето постоење во присуство на бројни гости меѓу кои претставници од државниот врв, дипломатските претставништва, партнери и меѓународни универзитети со кои има остварено соработка.

Основачот на АУЕ – ФОН и визионерот на приватното високо образование, м-р Фијат Цаноски пред присутните гости истакна дека сите што се поврзани со Универзитетот треба да се гордеат со сите неверојатни достигнувања во изминатите две децении. Тој им се заблагодари на сите студенти, алумни, наставен и административен кадар кој што со својата напорна работа го направија АУЕ – ФОН лидер во високото образование.

„На сите кои беа или се дел од универзитетот упатувам искрени честитки за 20 години создавање историја. Колку и да се импресивни нашите достигнувања, најдоброто допрва доаѓа“, потенцираше Фијат Цаноски.

Ректорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, прф.д-р Билјана Пулеска Јанушевска истакна дека дведеценискиот јубилеј е добра можност да се направи преглед на она што е постигнато досега, каде се наоѓа и каде сака универзитетот да биде во иднина. Според Пулеска Јанушевска, во изминатиот период факултетите беа целосно фокусирани на осовременување на повеќе од 43 студиски програми на прв и втор циклус студии, во соработка со студентите, деловната заедница, органи и организации и други заинтересирани страни.

„Целта на современите студиски програми е преку образовниот процес и учењето, да се одговори на динамичните потреби на пазарот на трудот и зголемување на степенот на

вработливост на нашите дипломирани студенти. Со тоа ќе се обезбеди соодветен одговор за развојните потреби на општеството и економијата. Универзитетот се фокусира на иновации во моделите за изведување на наставата и наставните методи, интерактивно учење и учење ориентирано кон студентот“, изјави ректорката на АУЕ – ФОН, Билјана Пулеска Јанушевска која што меѓу другото додаде дека во 20 години од постоењето, на Универзитетот биле ангажирани повеќе од 500 експерти, компетентен наставен и соработнички кадар за реализација на студиските програми. Но, најголемата вредност на Американскиот универзитет на Европа – ФОН се над 10.000 студенти кои што завршиле прв и втор циклус, како и специјалистички студии.

„Со напорна работа, посветеност, инвестиција, со секоја нова програма и лабораторија, со секој нов дипломец, секој нов патент, секој нов грант и секој нов центар, АУЕ- ФОН Универзитетот го оствари своето ветување да биде предводник и симбол за квалитет на високото приватно образование. Периодот од 2003 до денес е период исполнет со предизвици, но денес после две децении, нè исполнуваат со гордост и вистинско чувство дека сме ги оствариле нашите зацртани цели“, истакна на свечениот настан директорот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, м-р Сефер Цаноски кој што додаде дека визионерските идеи на универзитетот за иднината сè во согласност со современите образовни трендови ширум светот. Тие вклучуваат фокус на истражување, интернационализација, технологија и образование насочено кон студентите. Следејќи ги овие идеи, АУЕ – ФОН има за цел да стане водечка високо – образовна институција која ја подготвува својата младина за успех во светот кој брзо се менува.

„Универзитетот ја препознава важноста на истражувањето во унапредувањето на знаењето и придонесот за општеството. Во наредниот период, Универзитетот планира да формира истражувачки центри кои се фокусираат на интердисциплинарни области, како што се вештачката интелигенција, дигиталната трансформација, одржливоста и јавната политика. Покрај овие визионерски идеи, АУЕ – ФОН е посветен на своите студенти да им обезбеди врвно образование кое ги подготвува за предизвиците на 21 век. Ова вклучува поттикнување на критичко размислување, креативност, комуникација и вештини за решавање проблеми, како и промовирање на претприемништвото, општествената одговорност и глобалното граѓанство“, додаде Цаноски кој на свечената церемонија изрази голема благодарност до сите оние кои биле и сеуште се дел од Универзитетот, врачувајќи им признанија на наставниот и административниот кадар за нивниот ангажман, труд и посветеност.

ПР текст

Поврзани новости