Американскиот секретар Остин со совет до Путин

by Fokus

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека Владимир Путин сепак може да го промени курсот на Русија и да избегне војна.

Во говор во Пентагон пред средбата со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, Остин рече дека САД се „синхронизирани“ со своите сојузници „за да се обидат да најдат начин да избегнат понатамошен конфликт“.

– Господинот Путин сè уште може да избегне голема и трагична војна ако одлучи да го стори тоа, додаде Остин.

Тој рече дека „последната инвазија“ на Украина го загрозува „мирот, безбедноста и просперитетот на Украина и трансатлантската заедница“.

Поврзани новости