Мехмедовиќ: Бремените жени треба сериозно да ја сфатат вакцинацијата!

by Fokus

Портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, Злате Мехмедовиќ во емисијата 24 анализа рече дека Комисијата при носењето на заклучоците се водеше по научните базирани докази.

„Бремените жени како приоритет треба сериозно да ја сфатат вакцинацијата за да го заштитат своето здравје, зошто бременоста е дополнителен ризик. Релевантните институции препорачуваат да има вакцинација особено на бремените жени да се превенира нивното здравје. Треба да се минимизира разикот на работното место за бремените и да бидат максимално заштитени. Од тој аспект беше разгледувано за воведување на ваквата мерка, но тоа не е дефинитивна одлука, туку препорака до министерот за здравство“, рече Мехмедовиќ за ТВ 24.

Поврзани новости