Тие велат дека се потребни повеќе истражувања за да се утврди со сигурност дали промената влијаела на текот на пандемијата, но еден научник, кој не бил вклучен во студијата, смета дека тоа е случај и може да објасни зошто вирусот предизвикал ваков обем на инфекција во САД и Јужна Америка.

Истражувачите од Институтот Скрипс во Флорида објаснија дека мутацијата влијаела на протеинот на боцките – структура од надворешната страна што вирусот ја користи за да влезе во клетките. Доколку се утврдат овие откритија, ќе биде првпат некој да докаже дека забележаните промени во вирусот влијаат на развојот на пандемија.

-Вирусите со оваа мутација се многу позаразни од оние без мутации во системот на клеточна култура, рече вирологот Хјерјун Чое од Институтот Scripps Research.

Чое и нејзините колеги спроведоа серија експерименти во лабораторија, кои покажуваат дека заради мутацијата D614G, вирусот има повеќе шила и дека овие шила се постабилни, што го олеснува влегувањето на вирусот во клетките. Научниците наскоро ќе ги објават своите наоди на серверот BioRxiv, што значи дека истражувањето сè уште не е разгледано од независни експерти.

-Ова истражување е значајно затоа што покажува дека вирусот може да се промени во своја полза и можеби на наша штета. Веќе можеме да видиме дека тој се шири силно на некои места и запира на други, изјави вирусологот Вилијам Хаселтина за Си-Ен-Ен , претседател на групата Access Health International.

Оваа недела, Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека претходните мутации на новиот вид на коронавирус нема да влијаат на ефикасноста на потенцијалните вакцини кои сега се во развој. Минатата недела, експертите на СЗО соопштија дека вирусот не станал заразен поради мутациите или ја зголемил веројатноста за појава на посериозни симптоми на болеста.